Шансите да се заразиме со Ковид-19 во море или базен се навистина мали, но… Епидемиологијата ги разреши дилемите

28 јули, 20200
zaraza

Епидемиологот Дајана Нонковиќ од Сплит одговори за РТЛ дали може да се зарази со коронавирусот со пливање во морето и рече дека е можнa евентуална зараза со вируси и бактерии кои се пренесуваат по феко-орален пат.

– Децата што седат во плитките води проголтаат морска вода и можат да се заразат со цревни заразни болести. Вирусот е комплетно нов, истражувањата сè уште се спроведуваат. Според сè досега, навистина има минимална шанса да се заразиме во морето – рече Нонковиќ.

Таа уште еднаш повтори како вирусот се пренесува преку капки посебно кога сме во затворен простор со заразено лице и во близок контакт, и дека има малку шанси да не се заразиме. Таа исто така рече дека не постои опасност од заразување на вирусот во базен.

– Базените се третираат со хлор, а Ковид-19 е чувствителен на сите препарати на хлор, така што водата дезинфицирана во базенот штити од „Ковид-19“ – изјави таа за РТЛ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi