Сигурно не сте знаеле дека овие 6 работи предизвикуваат висок притисок: Ако страдате од хипертензија, обрнете внимание!

14 април, 20200
pritisok

Некои причини за висок крвен притисок едноставно не се очигледни и ако не се дијагностицираат и третираат навреме, високиот крвен притисок може да предизвика разни кардиоваскуларни заболувања, па дури и потенцијален, фатален срцев удар и срцева слабост.

Еве неколку фактори:

Живеете во бучно соседство

Изложеноста на бучава, без разлика дали е на работа или дома, особено во текот на ноќта кога се обидувате да спиете е поврзана со покачен крвен притисок, открива истражувањето на Occupational & Environmental Medicine. Причината за високиот притисок не само што ќе биде бучавата произведена од сообраќајот, соседите, работата на патиштата, туку и недостатокот на квалитетен сон, вели кардиологот Никол Вајнберг од Здравствениот дом на Провиденс Свети Јован во Санта Моника.

Имате мала плата

„Тенкиот паричник“ предизвикува фрустрација во многу области од животот, а исто така можат да предизвикаат проблеми за здравјето на срцето, особено кај помладите жени, според студијата објавена во The European Journal of Public Health. Водачот на истражувањето, д-р Пол Пејг, вели дека платите се важен фактор во перцепцијата на луѓето за нивната благосостојба и вредност, што значи дека недостатокот на плати исто така ќе предизвика недостаток на доверба, што доведува до стрес и хипертензија.

Живеете во загадена околина

Колку сте изложени на загаден воздух, толку е поголема шансата да страдате од хипертензија, дури и ако редовно вежбате и немате здравствени проблеми, се вели во студијата објавена во списанието „Хипертензија“. Вдишувањето на загадениот воздух доведува до воспаление кое може да предизвика промени во артериите и вените, проследено со ризик од висок крвен притисок, кардиоваскуларни заболувања и срцев удар, објаснува Д-р. Тао Лиу, раководител на истражувањето.

Консумирате многу кофеин

Кофеинот е моќен стимуланс, што значи дека помага да се разбудите, концентрирате, па дури и да одите во тоалет. Сепак, тоа исто така предизвикува висок крвен притисок, како и некои штетни ефекти врз срцето, вели кардиологот Амбер Кан, од универзитетот UCHealthy. Клучот е во умереноста, вели Кан. Ако забележите дека срцето ви чука побрзо по земањето кофеин, една чаша кафе на ден ќе биде доволна.

Пиете апчиња за контрацепција

Жените кои земаат апчиња за контрацепција со естроген имаат поголема веројатност да имаат хипертензија и срцеви заболувања, според студијата објавена во American Journal of Physiology, и колку подолго ги земате апчињата, толку е поголема шансата за висок крвен притисок.

– Колку е поголема дозата на хормони, особено естрогенот, толку повеќе се загрозува здравјето на крвните садови – вели Вајнберг. Тие влијаат на тоа како садовите се стеснуваат и прошируваат, што може да ги направи подложни на прекини, згрутчување и хипертензија – продолжува тој.

Ризикот од срцеви заболувања кај жени кои користат контрацепција и кај пушачите е уште поголем, па затоа се препорачуваат различни видови на заштита.

Јадете многу компири

Лоши вести за компирите – консумирање на четири или повеќе оброци кои вклучуваат компири, без разлика дали се варени, пржени, печени или пире, на неделна основа, се поврзани со високиот крвен притисок, особено кај жените, според студијата објавена во The BMJ. Тоа е затоа што компирите имаат висок глукемиски индекс, што значи дека може да предизвикаат нагло зголемување на шеќерот во крвта и со тоа хипертензија. Но, не грижете се, не мора целосно да ги елиминирате компирите од вашата диета. Тие се полни со витамини и растителни влакна, па само внесувајте ги во умерени количини за да го одржите срцето здраво.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi