Со овие вежби ќе направите илјадници чекори… Во дневната соба

8 јуни, 2020
фдгдс

Ако времето е лошо надвор или едноставно не можете да излезете, има начини да прошетате, без да излезете надвор од вашиот стан. И не, не мора да имате лента за одење ниту ќе мора да кружите околу масата во кујната

  • Одење е фантастична кардио вежба која не мора да биде со силен интензитет, а во исто време може да го забрза пулсот и го зголеми интензитетот ако се изврши правилно – вели тренерот Џон Торнхил.

За да ги направите вашите вежби за одење во затворен простор што е можно поинтересни, собравме колекција од најдобрите видеа на оваа тема. Притоа, вежбањето со мал интензитет е најлесниот начин да соберете 10,000 чекори на ден без да ја напуштите дневната соба.

7-минутен тренинг 1.000 чекори

Ако ви требаат кратки вежби за да ја задржите циркулацијата, пробајте ги овие вежби за одење подготвени од Луси Виндхам-. До крајот на оваа вежба, ќе направивте илјадници чекори

Вежбање од 20 минути во затворен простор


Холи Долке ве води низ 20-минутно вежбање за да го зачините денот со одење во место. Притоа, тие се менуваат на 30 секунди од вежби за одење во вежби со сила, со исто времетраење.

Изодете дома неколку километри


Кралицата на одење во затворено, Лесли Сансоне, ја дизајнираше оваа прошетка долга 3,2 километри, која можете да ја комбинирате со аеробни вежби.

30-минутно видео со прошетка во затворен простор


Преку овој получасовен тренинг вие сте водени од Шелеа Фаулер, која е во нејзините прекрасни педесетти години и не мора воопшто да ја напуштате куќата за да вежбате со неа