Стресот може да убие: Препознајте ги знаците дека сте под голем стрес

12 октомври, 2020
svadja

Оваа година е многу стресна за сите, но дури и без пандемија на вирусот корона, стресот може да не „погоди“ во кое било време. Продолжената и постојана изложеност на стрес е многу штетна за здравјето, затоа е важно навремено да препознаете кога вашето тело е преоптоварено.

Промени во расположението и раздразливост

Ако забележите дека сте многу променливи во расположението или сте постојано нервозни, можно е стресот да е виновен за тоа.

Ако избувнувате брзо или се карате со некого без причина, лесно губите трпеливост или плачете над секоја ситница, сите овие можат да бидат знаци на преголем стрес.

Когнитивни симптоми

Честопати, високата изложеност на стрес може да се препознае со фактот дека тоа влијае на процесот на размислување на лицето, времетраењето на вниманието, перцепцијата, фокусот, концентрацијата, меморијата, способноста да се решат проблемите и рационалното размислување. Ако ви е потешко да ги запомните работите, не можете да се концентрирате, се чувствувате презаситени со обврски и се чини дека носите лоши одлуки, можеби е време да направите нешто за да се ослободите од насобраниот стрес.

Промена на апетитот

Секоја промена во апетитот може да биде предизвикана од стрес. Некои луѓе ја користат храната како утеха и јадат повеќе под стрес, додека други целосно ја губат желбата за храна.

Промени во тежината

Исто како што премногу стрес може да влијае на апетитот, може да влијае и на тежината. Многу луѓе не знаат дека стресот може да го зголеми нивото на кортизол, што го стимулира апетитот и со тоа го охрабрува човекот да јаде повеќе, што резултира со зголемување на телесната тежина. Од друга страна, ненадејното слабеење исто така може да биде знак бидејќи стресот честопати доведува до прескокнување оброци и целосно губење на желбата за храна.

escort - Korsan taksi