Жена остана делумно глува- може да слуша жени, но не и мажи: Експертите објаснуваат за што станува збор

10 ноември, 2020
6b04d7bae47e02239b79590c8aee738366c4ac29

За среќа, таа дијагнозата ја откри многу брзо, па има големи шанси да се опорави.

Една жена во градот Ксиамен на југоисточниот брег на Кина се разбуди едно утро и сфати дека не може да слушне што зборува нејзиниот партнер. Таа се вознемири и не ѝ беше јасно што се случува, па брзо отиде во болница.

За време на прегледот, таа можеше да слушне сè што зборуваат медицинските сестри и лекарот, но не и говорот на машкиот персонал.

Станува збор за неможноста на пациентот да слушне ниски фреквенции. Затоа, невозможно е да се слушне длабок машки глас, односно звуци кои имаат фреквенција од 2000 Hz или помала.

Обично се појавува како последица на траума, со проблеми со васкуларниот систем или автоимуни нарушувања, но лекарите веруваат дека до оваа состојба Чен ја доведе стресот поради работа и хронична несоница.

escort - Korsan taksi