Жените открија зошто стенкаат кога водат љубов- глумат или не?

29 април, 20200
стенкаат

Се што треба да направите е да видите женски оргазам на екран за да видите како жената би требала да реагира во текот на сексуалниот однос. Од хитот “When Harry met Sally”, до серијата “Sex and the city”, или во било кој порно филм жените не само што го откриваат своето задоволство заносно и страсно, туку тоа поприма и малку страдалнички звук- оплакување на радоста.

Дали е само на филм или има нешто во гласниот секс?

Во 2011 било спроведено едно истражување под името “копулаторна вокализација”.

Во студијата 71 жена на возраст од 18 до 48 години раскажале детали за нивната гласност во текот на сексот. Откриле дека повеќето жени испуштаат звуци во кревет, но не нужно кога доживуваат оргазам. 66 од нив признале дека стенкаат за да го забрзаат оргазмот на партнерот, додека 87 проценти од жените тоа го прават за да се чувствуваат посекси и посамоуверено.

– Додека женскиот оргазам се постигнува најчесто во предиграта, копулаторната вокализација е на највисоко ниво пред и за време на машкиот оргазам- заклучиле истражувачите. Освен тоа, тие додаваат дека жените воведуваат гласност во креветот за да ја намалат “досадата” во кревет.

Дали жените стенкаат само заради мажите?

Не постојат докази дека стенкањето е поврзано со оргазмот и добриот секс. Стенкањето е поприлично мудра стратегија за глумење оргазам, но всушност нема ништо мудро во тоа.

– Ако стенкате, му давате на знаење на партнерот дека се е добро, а всушност не е, изјавила сексуалната едукаторка Пети Брисбен, која советува жените да стенкаат само кога нешто е добро, а не кога сакаат да прикријат нешто што сакаат побрзо да заврши.

И женките животни испуштаат гласни звуци при парење

Жените не се единствените примати кои испуштаат звуци за време на сексот. Женките бабуни на пример, имаат голема копулациска гласност, која се интензивира за време на нивниот овулациски период.

Но, да ги оставиме сексуалните перформанси на приматите на страна, вокализацијата за време на сексот секако е добар начин за жените да го добијат она што го сакаат во кревет, а очигледно денес жените се погласни од било кога токму поради таа причина.

– Жените се научија да преземаат одговорност над сопственото уживање, а тие можат да направат и чекор понапред и да станат учителки на своите партнери, кажува Брисбен, која истакнува дека е докажано дека стенкањето го поттикнува и женскиот оргазам, т.е. возбудата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi