Зошто бојата на чинијата е важна за губењето килограми?

20 јуни, 20200
shutterstock_256871830

Одамна е познато дека килограмите не можат да исчезнат преку ноќ и дека формулата за тоа е здрава исхрана и редовно вежбање.

Сепак, постојат неколку детали што малкумина ги забележуваат кои придонесуваат за слабеење. Едно од нив е дека, освен во мали чинии, треба да јадете храна и од потемни.

Според истражувањето, луѓето јадат помалку кога контрастот на бојата помеѓу храната и чинијата е многу поголем.

Ако, на пример, јадете тестенини од темно сина чинија, веројатно ќе јадете помалку отколку ако сте јаделе од бела чинија, бидејќи тогаш храната е поизразена, а со тоа и повеќе сте свесни колку имате храна количински.

Универзитетот во Валенсија докажа дека консумирањето храна од бела чинија ја прави храната седум проценти послатка, девет проценти повеќе пријатна и 13 проценти повеќе вкусна.

Друг интересен факт што го откриле е дека кога ќе јадете нездрава храна од црвени садови, веројатно ќе изедете помала количина, бидејќи црвената боја означува опасност и му дава на мозокот такви информации.

Исто така, ставете сè што јадете на чинија или во сад. Ако јадете директно од пакувањето во кое е храната, особено кога станува збор за закуски, никогаш нема да знаете колку сте јаделе.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi