Зошто кафето не треба да се загрева, туку да се испие за максимум 60 минути

6 мај, 20200
kafe 60min

 Веројатно веќе ви се случило дека сте заборавиле на кафето и дека се олади, особено сега кога веројатно работите од дома. За најдобар вкус, кафето е најдобро е да го испиете во рок од еден час.

Ако вашето кафе се олади, не го загревајте затоа што ќе биде горчливо. Дури и пред да се испечат зрната кафе, нејговот ДНК е составено од киселини и соединенија кои стануваат горчливи кога ќе се загрее кафето, рече Емили Розенберг, директорка на Stumptown Cafe.

Зеленото (непечено) кафе содржи хлорогени киселини, а со процесот на печење тие се распаѓаат во кининска киселина и кофеинска киселина. Додека хлорогената киселина има горчлив вкус, кининската и кофеинската киселина имаат уште поизразен горчлив вкус.

Розенберг додаде дека сварено кафе ќе има најдобар вкус доколку се конзумира во рок од еден час или 90 минути. Исто така, секој вид печено кафе ќе има горчлив вкус после загревањето, но Розенберг вели дека горчината на темното печено кафе ќе биде уште поизразена.

Што да направите наместо да го загреете кафето

– Луѓето кои работат од дома веројатно веќе имаат термос или чаша со капаче. Кога пиете кафе дома, можеби не сте помислиле дека треба да ги користите тие чаши. Веројатно пиете од обична чаша во која кафето ќе се олади многу побрзо затоа што е во контакт со воздухот – вели Розенберг.

Phillips го советуваше истиот предлог, со предупредување дека дури и термос чашите нема да траат цел ден.

“Кафето ќе почне да го губи својот вкус за околу 30 до 45 минути и во чашите за термос, но ќе биде топло цело време. Вкусот на доброто кафе се менува како што се лади кафето”, додаде Phillips, а пренесува Huff Post.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi