Актерката од „Žikina Dinastija“ почина ненадејно на 57-годишна возраст!

26 јануари, 2021
marija

Актерката Ријалда Кадриќ почина на 56-годишна возраст, пренесуваат медиумите.

Актерката Ријалда Кадриќ, позната по улогата на Марија во „Žikina Dinastija“, почина ненадејно на 57-годишна возраст.

Веста за нејзината смрт ја потврди нејзиниот близок пријател Душан, кој се прости од актерката на својот Facebook.

„Се расплакав, не знам после колку долго – целата криза и депресија околу короната и личниот живот во ерата на оваа социјална чума не ми даде повод да стапам во контакт со мојата тага затоа што се обидувам да бидам силен и да преживеам. Смртта на Ријалда го стори тоа. Неочекувано, премногу брзо“, напиша тој видливо погоден од смртта на неговата пријателка, а потоа се присети на нивниот прв состанок.

“Се запознавме пред три години, во група која се занимаваше со капитализам и депресија. Се сеќавам на нејзините семинари на кои се зборуваше за филмот и психоанализата. Таа секогаш имаше луцидни толкувања и неверојатна аналитичка енергија. Психоаналитичарка не може да се измами кога станува збор за љубовта” Со таа љубов, се разделувам од тебе, драга Ријалда“, додаде тој.

Ријалда имала само 13 години кога ја отелотвори Марија во првото продолжение на филмската серија „Lude Godine“ од 1977 година, а подоцна го играше истиот лик уште седум пати. По снимањето на филмот „Druga Žikina Dinastija“ во 1986 година, таа се пресели во Лондон, од каде се врати во родната Србија во 2016 година. Последните години живееше во Атина, каде и почина.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi