Атрактивната мајка ги остава сите без здив со своите изданија: Николија во мини фустан и долги чизми ги изненади сите

11 септември, 2021
316050_nikolija_ff

Златниот ланец, чантата Гучи и чизмите со змијски принт направија нејзиниот стајлинг да изгледа неверојатно

Пејачката Николија Јовановиќ се породи пред два месеци кога на свет донесе уште едно девојче. Таа ја криеше бременоста од јавноста, но среќната вест се слуша далеку, па по породувањето објективите ја чекаа пред болницата каде се породи.

Сепак, за многу кратко време, пејачката успеа да ја доведе својата фигура до совршенство, па многу брзо го врати изгледот од пред бременоста.

Соодветно на тоа, таа избира комбинации за да ја истакне својата линија, а во една прилика носеше краток фустан со доминација на сина и портокалова боја, долги жолти чизми со змиски принт и беж чанта од брендот Гучи. Особено се истакна едно парче во вид на јакна што имаше еден долг бел и еден краток потемен дел.

Внимание привлече и нејзината паж фризура, која одлично се вклопи со целосната замисла на изгледот, како и нејзиниот голем златен ѓердан.

escort - Korsan taksi