Емина Јаховиќ призна зошто пати, не е сè како што изгледа во нејзиниот живот: „СЕГА МИ СЕ ПЛАЧЕ, животот не ми се мед и мелко…“

23 јануари, 2021
2349017_screenshot-1_ff_1000x0

Истакнува дека многу ѝ недостасува Белград.

Пејачката Емина Јаховиќ, која со години живее во Истанбул, признава дека многу ѝ недостасува Белград.

– Го обожавам Белград. Кој не го сака? Мајка ми и татко ми студираа медицина тука, сестра ми живее тука, најдобрата другарка и пријатели. Ми недостасува Белград. Сега ми се плаче – рече Емина.

Таа исто така отворено рече дека понекогаш ѝ е здодевно во Турција, иако многумина мислат дека нејзиниот живот таму е „мед и млеко“.

– Понекогаш се заморувам во Истанбул. Белград многу ми недостасува, го сакам градот, сакам луѓе. Тие ме направија, што друго да кажам, ми дадоа шанса да станам тоа што сум – истакна пејачката.

Да потсетиме, Емина се пресели во Истанбул кога се омажи за турскиот пејач Мустафа Сандал, со кого ги има синовите Јаман и Јавуз и од кого се разведе пред три години.