ФАНОВИТЕ ЗГРОЗЕНИ ОД ИЗГЛЕДОТ НА СОРАЈА: Жено, изгледаш како камила со тој врат! Ова е дно!

28 мај, 2021
2575747_sorajavuceliccpbgilmfie6-1_ls

Старлетата Сораја Вучелиќ, која неодамна беше прогласена за кралица на пластичните операции, секојдневно објавува свои провокативни фотографии и видеа на Instagram.

На нив таа гордо ги истакнува бујните гради, а сите одамна се навикнати на нејзините разголени фотографии. Додека градите ги фиксирал хирургот, другите делови од телото таа ги уредува самата во Фотошоп.

Она што јавноста го забележа е нејзиното прекумерно уредување фотографиите, што јасно покажува дека ја намалува својата половина, главата и ги зголемува своите атрибути. Старлетата се најде на мета на потсмев токму поради нејзините фотографии, сепак, се чини дека тоа воопшто не ја допира.

Овој пат, таа го продолжи и уништи вратот со Фотошоп. Нејзините следбеници и твитераши веднаш ја нападнаа затоа што изгледа ужасно и веднаш да престане да користи апликации за уредување фотографии.

– Жено, како изгледаш? Си се упропастила! Изгледаш како камила со тој врат! Ова е дно, ужасна си! Девојко, погледни се во огледало! На оваа Сораја веднаш да ѝ се забрани да користи Фотошоп! Тешко дека сум видел нешто поужасно – ова се само некои од коментарите на згрозените корисници на социјалните мрежи.

Сепак, старлетата не ја погодуваат овие коментари, бидејќи таа сè уште живее луксузен начин на живот, постојано патува и се опсипува со скапи подароци и луксузни автомобили.

escort - Korsan taksi