ГОТОВО Е! ЈЕЛЕНА КАРЛЕУША СЕ ОГЛАСИ: Откри зошто ги напушта „Ѕвездите на Гранд“! Исто така го прокоментира и ДОАЃАЊЕТО на ЦЕЦА

2 септември, 2021
Jelena-Karleusa-Ceca

Јелена Карлеуша објасни зошто го напушти шоуто „Ѕвездите на Гранд“.

По шест успешни години жирирање, Јелена Карлеуша го напушти ова шоу, а во медиумите одекна веста дека нејзината вечна ривалка Светлана Цеца Ражнатовиќ ќе го заземе новото место.

По официјалната објава на продукцијата „Гранд“, во која ги известија сите за споменатата промена, Јелена се огласи и преку својот Инстаграм и ја образложи одлуката за, како што навела, прекин на соработката со нив, додека Ражнатовиќ не сакаше да коментира за нејзиното доаѓање.

Ја пренесуваме нејзината објава во целост:

„Драги мои, одлучив дека е време пред новиот албум да се повлечам од „Ѕвезде Гранда“ и соодветно на тоа по моја иницијатива, ја известив Гранд продукција на 28 јуни оваа година и го раскинав договорот. Ја донесов оваа одлука прво за да се посветам максимално на излегувањето и промоцијата на новиот албум што доаѓа. Од тогаш до денес имаше обиди да се најдат начини и услови за продолжување на снимањето. Сепак, не успеавме да се договориме. Кои се новите членови и како натпреварот ќе изгледа во иднина не е прашање за мене. Им посакувам се најдобро“, рече пејачката и прикачи слика од барањето за раскинување на договорот.

Jelena Karleuša otkrila zbog čega je napustila Zvezde Granda
escort - Korsan taksi