И таа ги КОПИРА големите светски sвезди! Еве каква идеја украде КАРЛЕУША од познатата БРИТНИ СПИРС (ФОТО)

16 мај, 2021
490df6c14b899ae048d1f7e562e8e569104a7b93

Познатата српска пејачка овој пат ја искористи идејата за познатата Бритни Спирс.

Големата балканска sвезда, поп дивата Јелена Карлеуша, неодамна беше фотографирана со голема жолта змија на рамениците за време на снимањето на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“ и целосно ги шокираше нејзините следбеници на социјалните мрежи, како и сите присутни на снимањето.

Имено, во фустан со тенки прерамки Карлеуша бестрашно ја зеде змијата во рацете и се фотографираше со неа. Сепак, се чини дека таа ја „украде“ оваа идеја од големата светска sвезда, Бритни Спирс, која беше фотографирана многу години порано со идентична змија околу вратот за време на концерт.

Патем, пред да замине на вакцинирање и јавно да ги повика сите луѓе да го сторат истото, Јелена Карлеуша објави видео од Бритни Спирс која претходно била вакцинирана и го повикала локалното население го направи истото.

escort - Korsan taksi