„ЈА ОЧЕКУВАВ БРЕНА, А ДОЈДЕ ТРАНСФОРМАТОР“: Пејачката порано имала 89 килограми, а поради овој коментар, ги искина сите слики!

3 март, 2021
lepa-brena

Поповиќ ја викаше „трикрилен плакар“.

Лепа Брена е една од најголемите sвезди на поранешна Југославија, која пленеше со своето тело и долгите нозе каде и да се појави, но малкумина знаат дека пејачката тежеше скоро 90 килограми на почетокот на нејзината кариера и дека Саша Поповиќ ја нарече „трикрилен плакар“.

Фолк sвездата тежеше дури 89 килограми, а на неа не ѝ се допадна нејзиниот изглед, па ја смени својата исхрана и ги искина старите слики!

„Кога ги видов фотографиите каде бев дебела, бев бесена на себе. Сите ги искинав и, фала му на Бога, повеќе ги нема. Тогаш достигнав 89 килограми! Знаеш колку е тоа?! Тоа е уште малку па 90, а каде е 90, тука е и 100 “, рече Брена, објаснувајќи дека еден ден застанала пред огледало без облека и сфатила дека итно треба да ослабе.

„Требаше да пеам во еден хотел, а момците од Сладок грев му рекоа на келнерот дека Брена е дојдена. Тој коментираше: „Леле, очекував пејачка, а дојде трафостаница.“ Тоа ме изгоре и ме повреди. посакав добра вечер, и мрачно го погледнав и го прашав: „Од кога ги поздравуваш трансформаторските станици?“ Сепак, тоа ме охрабри да направам нешто, ослабев за шест месеци, паднав од 89 на 67 кг. Бев воодушевена од себе, добив нова енергија. Тогаш реков дека никогаш повеќе нема да си дозволам да го сторам тоа и дека би можела да качам максимум два килограми“, се присетува музичката sвезда.

Брена верува дека умереноста е клучот за добра линија и здравје, иако во младоста немала пари за квалитетна исхрана.

„Додека студирав, јадев паштета и леб. Пиев и многу јогурт за да ме засити, бидејќи не вечерав секој ден. На моја возраст, едно лице учи дека не треба да претерува со ништо, особено со месо , што е кај нас главно во менито. Излегува дека сте сиромашни ако не јадете месо три пати на ден“, вели пејачката и објаснува како е сè уште згодна:

„Секое утро кога станувам вежбам јога. Без оглед на тоа колку години имате, важно е да јадете помалку, затоа што тогаш се чувствувате подобро. Сакам да јадам слатки и некои хамбургери, пица, само се обидувам да не претерувам”.

escort - Korsan taksi