ЈЕЛЕНА РОЗГА ИЗНЕНАДИ СО УШТЕ ЕДНА РАЗГОЛЕНА ФОТОГРАФИЈА: Фановите ја нарекуваат СИРЕНА

11 септември, 2021
Jelena-Rozga

Јелена Розга позираше во жешко издание на крајбрежјето.

Јелена Розга неодамна ги воодушеви фановите кога на својот Инстаграм профил сподели разголена фотографија во костим за капење.

Таа заводливо позираше во морето во долен дел од костим за капење и краток топ, а глетката ги воодушеви нејзините следбеници. Според многумина, пејачката е една од најубавите Хрватки, со што се согласија нејзините многу познати пријателки, судејќи по коментарите под фотографијата.

„Опа бато“, коментираше Нина Бадриќ. „Нај“, додаде Ника Турковиќ. „Убава си“, „Најубавата мачка“, се некои од многуте комплименти што ги доби под фотографијата. Интересно е што Розга не објавува вакви фотографии, но овој пат одлучи да ги изненади своите обожаватели.

44-годишната пејачка сега објави уште една жешка фотографија, овој пат позирајќи во бел проѕирен фустан со црно бикини што се наѕираше одоздола. „Најдете ме во брановите“, им порача таа на речиси 400.000 обожаватели.

Додека некои велеа дека е нереална, други ја нарекуваа сирена. Значи, се чини дека на фановите им се допаѓаат ваквите изданија на убавата и талентирана пејачка.

escort - Korsan taksi