Калиопи се опрости од Балашевиќ: “Нè врза со неговите песни и нè научи за вистинските вредности”

20 февруари, 2021
collage-110-1024x683

Македонската пејачка Калиопи Букле се опрости од кантавторот Ѓорѓе Балашевиќ. Таа истакна дека нè напушти најсаканиот и најдобриот, кој преку неговите песни нè научи на вредностите на животот.

„Шок, неверување, страв. Страв од мислата да се изгубат најдобрите и најсаканите луѓе во ова лудо време во кое сите сме заложници на една голема непозната “, рече Калиопи за нашиот портал и додаде:

„Ѓорѓе Балашевиќ нè поврза сите со своите песни низ тажни времиња, ткаејќи ги сите вистини на животот, потсетувајќи на сите суштински вредности на животот. Тој ни рече прерано „збогум“…. Идното време ќе биде посиромашно без него… Само неговите стихови и мисли ќе не потсетуваат на што да се радуваме, дури и кога плачеме во нас самите “.

Да потсетиме, познатиот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ почина денес, на 67-годишна возраст, на Клиниката за инфективни болести, каде се лекуваше од пневмонија. Иван Ивановиќ, Бранислав Лешиќ, Кристина Ковач, Бојана Лекиќ, Наташа Миjковиќ, Весна Дедиќ, Масимо Савиќ, Тони Цетински, Игор Мировиќ, Бојан Пајтиќ, Дино Мерлин, Никола Којо и многу други се простија од својот сакан музичар.

escort - Korsan taksi