Ќерката на Здравко Чолиќ привлекува внимание со жешки фотографии во костим за капење

4 јули, 2021
Una-instagram

Уна израсна во вистинска убавица

Постарата ќерка на пејачот Здравко Чолиќ, 19-годишната Уна Чолиќ е многу активна на социјалните мрежи, а последните денови особено ги заинтригира следбениците со објавите во костими за капење. Бројните обожаватели заклучија дека таа ја наследила харизмата на нејзиниот татко и во коментарите и дадоа до знаење дека е вистинска убавица. „Сон на секое момче“, и напишаа, а колку што е познато, Уна нема момче и ужива во слободата. Позирајќи во костим за капење на плажа и во море, таа ги откри досега скриените атрибути.

Уна заврши приватно средно училиште на Кошутњак, кое нејзиниот татко, наводно, го платил околу 50 илјади евра, а додека немала возачка дозвола, имала приватен возач. На Инстаграм таа често се фали со патувањата што ги поминува во скапи хотели, а обожавателите не го пропуштија фактот дека секогаш е облечена во скапа облека. Таа неодамна позираше со чанта од Луј Витон која чини околу пет илјади евра.

Пејачот Здравко Чолиќ ги доби својата ќерка Уна и 14-годишната Лара со неговата сопруга Александра со која се ожени во 2001 година. „Обично се расправаме за тоа што можат и што не можат да прават децата. Немој да го правиш ова, внимавај на тоа, јас воопшто не се согласувам овде“, рече Чолиќ во едно интервју, а исто така коментираше и за тоа колку е горд на своите ќерки. „Тука сум да ги поддржам и да ги исполнам нивните желби. Веќе полека почнува и одбраната од момците. Не знам како ќе се справам со тоа, тоа ми е најлошо, но повторно сето тоа е живот и сосема нормална работа“, рече Чолиќ.

escort - Korsan taksi