МИ БЕШЕ МНОГУ ТЕШКО: Луна Џогани зборуваше за бебето две недели по породувањето – откри од што најмногу се ПЛАШЕЛА!

3 јули, 2021
luna

Луна Џогани стана мајка пред две недели, кога роди ќерка.

Победничката во реалното шоу „Задруга 2“, Луна Џогани се породи пред две недели, кога таа и нејзиниот сопруг Марко Миљковиќ ја добија ќерката Миа.

Тие неодамна гостуваа заедно во емисија, а сега Луна откри како се чувствува како мајка.

“Секој ден луѓето ме прашуваат како се чувствувам, тоа е нешто што не може да се опише. Најдоброто можно чувство што постои. Секогаш кога сум ја слушала мајка ми и другите мајки како зборуваат за тоа чувство, сум разбирала, но не сум можела да го разберам се додека не го доживеав. А сега велам дека навистина не можете да знаете додека не го доживеете“, изјави Луна за IDJTV.

“Таа љубов, таа космичка љубов и чувството кога го држите бебето врз вас и го гледате. Тоа е вашето битие, нешто што не може да се опише и што би сакала да го доживеам сигурно уште неколку пати”, додаде таа.

Бидејќи помина малку време од породувањето, Луна откри дали станала свесна дека таа и Марко се родители, но и дали се навикнале на една сосема нова улога, најважната, улогата на родителите.

“Станав мајка, имам дете и сега ќе биде така до крајот на мојот живот. Ккако што вели мајка ми, сега ќе се грижам цел живот. Сега е приоритет. Првите неколку дена беа многу потешки и многу повеќе се плашев се додека не навикнав. Ми беше страв дека ќе ми падне. Има разни прашања и одговори во мојата глава, особено кога сте уморни и лишени од сон, кога ви е прв пат “, искрена беше Луна, која исто така откри дека имаат помош за потребите на бебето.

“Марко и јас избегнуваме да повикаме некого да ни помогне, иако секогаш можеме да се јавиме. Сакавме да го правиме тоа сами и да научиме. Ни доаѓа бабица, што се однесува до папокот, капењето и така натаму. Таа ни објаснува и не учи“, рече таа.

Луна по породувањето:

escort - Korsan taksi