Мини фустан и широка насмевка: Милица Павловиќ го прослави триесетиот роденден во голем стил

12 август, 2021
326075_milica-pavlovic-rodjendan-11082021-0014_ff

Пејачката го прослави роденденот во еден ресторан на Калемегдан во Белград и во таа прилика ги изненади сите со своето „секси сењорита“ издание.

Една од Ѕвездите на Гранд која најмногу го привлекува вниманието на јавноста, колку со својата музика толку и со својот изглед е токму Милица Павловиќ.

Имено, вчера и беше роденден, а оваа лавица наполни 30 години и со тоа ја заврши третата деценија од својот живот.

Одлучи да им приреди гала забава на гостите во ресторан на Калемегдан, а на прославата дојде со бел автомобил „Range Rover“. Таа застана, позираше за фоторепортерите и разговараше со седмата сила. Во таа прилика, рече дека и е доста од зборот „ковид“ и дека не може да поверува што се случуа во претходниот период предизвикано од оваа чума.

За оваа прилика, таа избра краток розов фустан со светки и деколте од градната коска до почетокот на стомакот. Овој фустан совршено ја истакна нејзината извајана фигура и витки нозе. Го искомбинира фустанот со бели сандали со тенки ремчиња, а целата комбинација ја украси со орекрпена коса и пристоен накит.

Имено, ќерката на легендарниот спортист, Драгана Џајиќ, како и една од најдобрите пријателки на Милица, актерката Драгана Мичаловиќ, биле меѓу првите што се појавиле на прославата.

Како ви се допаѓа Милица?

escort - Korsan taksi