ОСЛАБЕ 50 КИЛОГРАМИ: Ана Николиќ не престанува да изненадува, a овој пат своето витко тело го сонча на плажите во Турција!

24 јуни, 2021
ana-nikolic-830x553

Пејачката Ана Николиќ моментално ужива на одмор со својата ќерка Тара, во луксузно летно одморалиште во Турција.

Имено, Ана им се обрати на своите обожаватели додека беше на плажа, и ја покажа својата фигура во тигрест костим за капење.

Инаку, Ана еднаш призна дека имала 105 килограми и дека изгубила повеќе од 50, а сега го покажа и затегнатото тело.

  • „Да, мојата тежина е тема број еден во последните три или четири години. Претпоставувам дека припаѓам на онаа група на луѓе кои го носат тој крст дека сè е интересно што е поврзано со нив. Искрено, не сум многу среќна поради тоа, добро е за мојата работа, но приватно многу ме нервира. Би сакала да бев невидлива во одреден момент. Тежината, па тежината. Прво беше зошто си дебела, сега не е во ред што сум слаба. Ништо никогаш не е добро. Како ослабев? Со намалување на внесот на калории за седумдесет проценти, јадам сè, но во многу мали количини. Тренирам многу, скоро секој ден. Пијам апчиња за слабеење, тоа е единствениот начин и единствената вистина за слабеењето. Најпрво, одлуката во мојата глава, бидејќи ми требаше многу време да се одлучам. Кога решив и пресеков, тогаш сè тргна по својот пат. Не беше лесно да се отстрани една цела јас, но сето тоа е прашање на одлука“ – изјави Ана во емисијата „Амиџи шоу“.
escort - Korsan taksi