Ова е тајната на нејзиниот изглед! На витката линија на Цеца и завидуваат двојно помладите девојки, пејачката го откри своето мени, нема да верувате каква храна конзумира секој ден!

27 февруари, 2021
ceca vladimir markovicc01 Alo Vladimir Markovic_400x0

Моја среќа е што повеќето диети се базираат на месо и салата. Пробав неколку диети базирани на варено месо или варена риба неколку пати – рекла Цеца.

Фолк-пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ плени и со својот глас и со изгледот, а многумина се прашуваа што јаде пејачката и како ја одржува таквата витка линија.

Цеца сега конечно го откри своето мени. Таа истакна дека не и е тешко да ја задржи линијата бидејќи не е склона кон дебелеење, сепак пејачката има една тајна и совет, а една намирница е сè уште неопходна од нејзиното мени.

-Ако трпезата беше поставена по мој вкус, тогаш на неа ќе имаше само месо и салата. Јас сум голем љубител на месо. Обично нарачувам добро печен бифтек со зеленчук на скара во рестораните каде што се добро подготвени. Моја среќа е што повеќето диети се базираат на месо и салата. Пробав неколку диети базирани на варено месо или варена риба неколку пати – рекла Цеца.

Пејачката откри дека не сака тестенини или леб, а кога станува збор за слатки, сака овошни колачи, а чоколади избегнува затоа што се тешки.

-Јадам кога ми се јаде, го јадам она што ми се јаде, но количината е секогаш мала. Мислам дека тоа е тајната на мојот успех, не претерувам со количината на храна. Исто така, не јадам храна што не ми се допаѓа – рече пејачката.

Она што и помогна да ја балансира диетата е фактот дека постеше секоја среда и петок.

Нејзиниот рецепт е умереност. Но, секој мора да најде свој рецепт за виткост.

-Не можам никому да препорачам ништо. Она што можам да го посоветувам се почести оброци без слатки, без газирани пијалоци и алкохол – рече Ражнатовиќ.

Цеца моментално ужива во љубовта со своето момче Богдан Срејовиќ, кој е 9 години помлад, со кого е во врска од јануари!

escort - Korsan taksi