ПРОЗБОРЕ! Анастасија Ражнатовиќ откри ДЕТАЛИ ЗА АПСЕЊЕТО НА ЦЕЦА „Кога на мајка ми и ставија НАНОГИЦА…“

2 јуни, 2021
cecatuga_1

Ја отвори душата.

Пејачката Цеца Ражнатовиќ и нејзината сестра Лидија беа уапсени во 2003 година во акцијата „Сабја“, а беа во притвор четири месеци.

Ќерката на Цеца, Анастасија Ражнатовиќ во тоа време имала само пет години, а сега се сеќава на тој период, што инаку не сака да го прави.

– Децата ми зборуваа: „Мајка ти е во затвор“, а јас им одговарав: „Не зборувајте глупости, секако не! Таа е на турнеја во Америка!“. Кога сфатив што е вистината на возраст од 10-11 години, првото нешто што мина низ глава беше дека тие деца што ме задеваа имаа право. А јас се расправав со нив, велејќи им дека весниците лажат. Секако тогаш бев премногу мала за да ја знам вистината, ниту пак би ја разбрала. Од оваа перспектива, разбирам дека било потребно да ни ја кажат таа „бела лага“ – рече Анастасија.

По осум години, доживеа нов шок, кога нејзината мајка и тетка беа повторно затворени поради незаконско присвојување пари од трансфер на фудбалери. Овој пат со наногица во домашен притвор во нивната вила на Дедиње. Анастасија вели дека 22 јуни 2011 година ќе остане врежан во нејзината меморија до крајот на животот.

– Никогаш нема да го заборавам моментот кога дојдоа да и стават наногица. Дотогаш, сè беше во воздухот, ќе биде – нема да биде, но кога се случи, целиот мој свет се сруши. Ми беше страшно тешко. Кога видов дека и ставаат наногица, не можев да издржам, па почнав да плачам пред сите. Тогаш пуштив солзи и никогаш повеќе. Закопав сè и ги потиснав моите чувства. На мајка ми и беше премногу тешко кога ме виде како плачам, а и на Вељко сигурно не му било лесно. Не разговаравме за тоа, што е многу чудно, затоа што сите тројца сме многу отворени и зборуваме за сè. Очигледно, на сите ни беше полесно да не зборуваме за тоа, туку за посветли теми, за да не полудиме целосно. Притисокот од медиумите беше огромен и не требаше да ја обработуваме таа тема и дома – изјави Анастасија, а пренесе „Информер“.

escort - Korsan taksi