СЕ МАЖИ ЦЕЦА РАЖНАТОВИЌ?! Венчавка на крајот на годината…

5 февруари, 2021
146475448_2825078671067118_1903779482016758627_n

Екипата на еден портал ја посети астро толкувачката Весна Ривас, која направи нумеролошка анализа за пејачката и нејзиниот нов избраник!

Многумина со ентузијазам ја дочекаа оваа вест, бидејќи пејачката долго време не го коментираше својот емотивен живот. Ражнтовиќ е вдовица скоро две децении, а во меѓувреме немаше сериозна врска. Судејќи според фактот дека таа е многу често со своето ново момче, дека ги запознала неговото семејство и ќерка од првиот брак, се чини дека оваа врска е сериозна.

Со цел да открие кои се изгледите за нешто посериозно меѓу Цеца Ражнатовиќ и Богдан Срејовиќ, тимот на порталот ја контактираше Весна Ривас, која направи астролошка анализа на овој пар

– Минатата година Цеца влезе во судбоносна година, затоа ѝ се случија многу убави работи, раѓање на внуче, многу прослави и се роди љубов. Оваа година е година на петките во која се откриваат многу вистини, па така оваа година Цеца ги откри своите емоции. Не е исклучено Цеца да се омажи до крајот на оваа година, тоа е во нејзиниот код за раѓање, втор брак, но во позрели години – вели Весна.

– Богдан и Цеца се кармички поврзани, тие се многу добар спој и оваа врска не треба да се пропушта. Боган е многу приврзан за неговата мајка, жените му значат многу во животот, тој е голем шармер и успеа да заврши многу работи во животот со помош на харизмата, а тоа ја привлече Цеца. Таа не може да сака човек кој не е паметен и лидер. Овој човек е мудар и кариерист, многу е способен. Двајцата се многу хармонични, ги обединува емоцијата и страста. Еј, Цеца го запозна неговото семејство, излезе со него јавно, тоа значи многу. Тоа мораше да дојде до израз – откри Весна.

escort - Korsan taksi