СЕ ОДНЕСУВАШЕ ГРУБО, НЕМАВ ЖИВОТ ПОРАДИ НЕГО! Русинката изнесе ШОК -ДЕТАЛИ од врската со Милош Биковиќ! ГО ОЦРНИ АКТЕРОТ КАКО НИКОЈ

1 август, 2021
2665795_untitled123634634567_ls

Во мај годинава како бомба одекна веста дека актерот Милош Биковиќ има нова девојка, Русинката Арина Волошина.

Актерот досега не ја потврди својата врска со руската танчерка, а таа сега се огласи на Инстаграм каде изјави дека е во врска со Биковиќ една година и ги откри сите детали од нивната врска.

– Не го живеев својот живот околу една година, бидејќи бев во врска со Милош Биковиќ. Морав да размислувам за мојот имиџ, угледот (што е најважно за него, но за жал, сликата на екранот не одговара на реалноста, особено е застрашувачки кога човек го споменува Бог на секој чекор). Ја имав последната надеж дека има нешто човечко во него. Но, на 31 јули, се беше целосно расчистено. Човекот се однесуваше многу грубо – напиша Арина и продолжи:

– На почетокот, кога се појави информацијата дека сме заедно, јас веднаш предложив да кажам дека немам никаква врска со него – напиша таа и додаде дека Биковиќ тогаш и рекол дека повеќе нема да се крие, ако медиумите веќе дознале дека се заедно.

– Меѓутоа, кога се беше откриено, тој се промени кон мене, се оддалечи, се олади, а јас слушав се што ми кажуваше. Кога тоа се случи, неговата реакција, однесување и став кон мене беа посебна приказна. Само не реагирај. Не одговарај и не бриши. Јас го направив токму тоа. Слушав се што ми кажуваше. Денес, јас не сум негова девојка, така што ми е полесно да зборувам за ситуацијата за да нема повеќе претпоставки и прашања – објасни Арина.

– Примање негативни пораки од странци, дека ќе ме убијат, дека ќе умрам, читање секакви навреди – уморна сум. Егоцентризмот на оваа личност ги премина сите граници.

– И тие вредности за кои зборува, не знае за нив, се гледа само себе, не го почитува времето, работата, здравјето на другите луѓе. Особено кога станува збор за блиската околина. Чувството на одговорност и вина за него е најстрашно, бидејќи го гуши, во такви моменти треба да не размислувате за себе, за својата удобност и за себе. Животните ситуации што се развија ја открија внатрешноста на личноста од сите страни – заклучи Волочина на својот профил на Инстаграм.

Miloš Biković
escort - Korsan taksi