СЕВЕ СО МАРКАНТЕН МАЖ: Јавно разменија љубовни пораки: „Драги… до небото и назад“

19 мај, 2021
severina-1-660x450

Со години јавноста се обидува да открие што е можно повеќе детали за регионалната музичка дива Северина и нејзиниот приватен живот, но пејачката не споделува премногу информации за приватниот живот со своите следбеници на социјалните мрежи.

Многумина сакаа да дознаат повеќе за статусот на нејзината врска со сопругот Игор Којиќ, но иако имаше многу гласини за раскинување на нивниот брак, ниту Севе ниту Игор никогаш не се огласија по ова прашање.

Токму поради оваа причина, појавувањето на кој било маж што може да се најде во нејзиниот живот привлекува големо внимание, а тоа се случи со нејзиниот последен пост што предизвика целосна конфузија.

Имено, Северина сподели фотографија на која позира со впечатлив маж, додека изгледа како Дизни негативката од Заспаната убавица.

До небото и назад

Но, иако некои можеби помислија дека тоа е нејзиниот нов партнер, тоа е ПР агентот Давор Гргин, кому Севе му го честиташе роденденот.

„Да сме живи и здрави уште години сто, да има песни и вино и да не штити Бог… Те сакам до небото и назад. Среќен роденден, драги“, напиша пејачката покрај нивната заедничка фотографија.

Славеникот веднаш одговори и под најавата напиша: “… да се најдобрите жени секогаш покрај нас… Те сакам!“

escort - Korsan taksi