Сопругот на Лепа Брена е неверен? Поканил атрактивни девојки во нивниот дом без таа да знае!

3 март, 2021
брен

Бракот на една од најпопуларните српски пејачки, 60-годишната Лепа Брена и нејзиниот три години помлад сопруг, поранешниот тениски ас Бобо Живојиновиќ, е еден од најстабилните во регионот. Честопати, овој пар е „почестен“ со некое луксузно патување, а неодамна тие ја прославија 29-годишнината од бракот во романтичниот Париз. Минатиот месец, сепак, тие престојуваа во Мајами, каде поседуваат луксузен имот. Сепак, таму, Бобо, наводно, „зад грб“ ја поканил привлечна српска стјуардеса, која случајно ја запознал, во нивниот дом.

Имено, двојката во Америка уживаше во друштво на добри пријатели, српскиот актер Драган Бјелогрлиќ и неговата сопруга Маја. Секој ден, продолжуваат медиумите, уживаа во луксузни ресторани, а во еден од нив Бобо се сретна со привлечни стјуардеси од Србија, кои работат за катарската авиокомпанија.

Како што откри извор близок до девојчињата, тие биле во Мајами заради деловни активности, а едно попладне го искористиле за да уживаат во шармот на градот. Сосема случајно, тие седнаа во истиот ресторан каде што беа Брена, Бобо и нивните семејни пријатели. Тогаш Бобо ги слушна девојките како зборуваат на српски јазик, па штом Брена го напушти ресторанот, ја искористи можноста да им пријде.

escort - Korsan taksi