СОРАЈА Е ЗДРАВСТВЕНО ЗАГРОЗЕНА? Познатиот ријалити играч предупреди за СТРАШНАТА иднина, позната е и ПРИЧИНАТА

10 април, 2021
914807_166075001-1212217225863781-4274561420674853063-n_ls

Цигановиќ вели дека има причина да се грижи, бидејќи и шведската старлета Пикси пред операцијата му соопштила дека оди на мал зафат.

Пред неколку дена старлетата Сораја Вучелиќ објави фотографија на својата социјална мрежа со хирург од странство. Нејзиниот пријател од Хрватска, Невен Цигановиќ, веднаш реагираше, а неговите зборови се загрижувачки.

„Најдоброто допрва доаѓа“, напиша старлетата криејќи го лицето зад големите очила за сонце.

Neven Ciganović

– Шокиран сум што Сораја отиде кај тој естетски хирург затоа што и самата е запознаена со фактот дека мојата познаничка Пикси заврши во кома по завршувањето на постапка кај тој лекар, а таа ја изгуби меморијата шест месеци. Веднаш ја контактирав и и реков дека не е нормална и се надевам дека ќе извади жива глава. И таа рече дека не треба да се грижам за ништо затоа што ќе направи мала процедура под локална анестезија – вели Цигановиќ, кој своевремено беше во „Парови“.

– Не се плашам за Сораја само поради тоа што и се случи на Пикси. Инфлуенсерите Plastik Rašan Doll и Elizabet Mintodas биле кај истиот лекар. По постапката, секоја трага од нив на социјалните мрежи се изгуби, по компликации со сепса – вели Невен.

Поранешната хрватска мисица Ени Шукунда неодамна беше оперирана кај истиот лекар, а тука беа и старлетите Ана Корач и Станија Добројевиќ, кои правеа „мачкини очи“, пишува 24sata.hr.

escort - Korsan taksi