Тој е најбогатиот музичар од Екс-Ју, има преку 30 недвижнини, а ќе ви се заврти во главата каде сѐ Брего има вили и колку вредат!

14 април, 2021
Goran Bregovic 03 Blic Rajko Ristic_1000x0

Поранешниот фронтмен на најпопуларната рок група „Bijelo dugme“, а сегашен водач на „Orkestra za svadbe i sahrane“, Горан Бреговиќ, важи за еден од најбогатите Срби, а се проценува дека неговото богатство вреди 35 милиони евра.

Имено, како што тврдат неговите соседи, Бреговиќ има околу 15 куќи само во Белград, од вкупно триесет и кога ќе остане во Србија со своето семејство, тој живее во луксузна вила на Сењак опкружен со висока ограда и далечинско- контролирана врата од гаража.

Музичарот купи зграда од 550 квадратни метри во Загреб во 2005 година, која ја изнајмува годишно за 5.500 евра и ја купи од Хрвоје Шариниќ.

Goran Bregović

Секоја вила на Горан Бреговиќ се проценува на најмалку еден милион евра. Тој има имот од 450 квадратни метри на Јахорина, две куќи во Пераст и дом за стари лица, во кој има инвестирано нешто повеќе од милион евра, потоа вили во Париз, Истанбул итн.

Според медиумите, Новак Ѓоковиќ е „тежок“ 220 милиони долари, Горан Бреговиќ и Здравко Чолиќ со по 20 милиони, а легендарниот Владе Дивац заработи 45 милиони долари.

escort - Korsan taksi