Вељко ја изненади СЕКА, БРЕНА ја слави кинеската Нова година, а за кого АНАСТАСИЈА го смени СТАЈЛИНГОТ? (ФОТО)

13 февруари, 2021
70079c1bf26eb8ee6fab2a5bb26ede2708acce69

Познати пејачи од српската сцена уживаат во празничните денови…

Во пресрет на денот на љубовта и прославата на Свети Трифун, познати дами од српската естрада уживаат на различни начини. Очигледно, Вељко, сопругот на популарната пејачка Сека Алексиќ, прв започна со подароци во име на љубовта.

Овој брачен пар веќе неколку дена престојува на Копаоник, каде што Сека Алексиќ утрово доби романтични подароци во креветот.

– Во пресрет на Свети Трифун и Свети Валентин. Тост со добро вино и искрена љубов секогаш, не само на одредени датуми затоа што љубовта е љубов! – напиша Алексиќ под фотографијата која ја лајкуваа нејзините обожаватели и следбеници.

На другата страна на светот, веќе некое време, балканската ѕвезда Лепа Брена ужива во жешките денови на брегот на Мајами во друштво на својот сосед. Така беше и синоќа, кога се славеше кинеската Нова година. Имено, Лепа Брена ја дочека, ни помалку ни повеќе туку во Америка, во ресторан на покрив со симбол на бивол, хороскопскиот знак што ќе владее во 2021 година.

Студениот Белград, пак, беше запален од Анастасија Ражнатовиќ. Барем на социјалните мрежи. Оваа млада пејачка се обиде со нов стајлинг и носеше популарна афро-фризура. Таа сподели фотографија од автомобилот на мрежите и наиде на задоволство на своите следеници.

Ќе почекаме да видиме како другите sвезди го слават денот на љубовта.

escort - Korsan taksi