Дали е ова најубавиот природен базен во Светот?

30 мај, 2021
1622317253-shutterstock_727828366-salarko-750x490

Grotta della poesia е исполнета со солена морска вода со прекрасна сина боја, што главно го привлекува локалното население, пишува на страницата punkufer.hr.

Grotta della poesia или во превод од италијански јазик – Пештера на поезијата, се смета за еден од најубавите природни базени во Светот. Станува збор за бездна во форма на јајце, широка околу 30 метри и се наоѓа во карпите на италијанското село Рока Векија на јадранскиот брег, меѓу градовите Лече и Отранто.

Легендата вели дека на тоа волшебно место на работ на италијанската чизма, се капела убава принцеза, на која поетите ѝ ги посветиле своите најубави стихови, по што овој природен базен го добил своето име.

Grotto della poesia е исполнета со солена морска вода со прекрасна сина боја што главно привлекува туристи од Италија. Локалните жители одат таму за да се освежат во текот на летото. Акробатиката се изведува од карпите, високи пет метри, но застапено е и нуркањето во зачудувачка околина.

escort - Korsan taksi