Грчко село скриено од погледите на туристите крие прекрасен поглед: Езерото се гледа како на дланка!

11 декември, 2021
foto-screenshot-youtube-nature-with-drone-makis-theodorou-830x0

Многу туристи кои ја посетуваат Грција не се запознаени со малото село лоцирано на надморска височина од 423 метри, на западните падини на планината Хелидон. Во близина на селото има вештачко езеро Креместон.

Но, затоа Грците, кои сакаат да се фалат со убавините на својата земја, знаат за селото Агалијанос.

Територијално, практично се наоѓа на границата на две префектури, имено Етолоакарнанија и Еуританија, во западниот дел на централна Грција.

Ова полупланинско село е познато и по својот феноменален поглед, кој се протега оттаму кон најголемото вештачко езеро во земјата. Според податоците од пописот во 2011 година, забележителен е значителен пад на бројот на жители, па денес таму живеат само 33 жители.

Првиот поголем град е Мезолонги, кој е на нешто повеќе од 90 километри од Агалијанос.

Една од најважните градби во селото е црквата посветена на Богородица и е изградена, како што се претпоставува на крајот на 19 век.

Покрај тоа, друга обележје на ова село се водопадите Сикјес.

Идеално место за љубителите на рафтинг е оддалечено само околу 2 километри од ова село, веднаш на вештачкото езеро Креместон.

escort - Korsan taksi