Нова идеја за одржување на туризмот: Посетителите на Тајланд ќе поминуваат 2-неделен карантин на јахти

9 март, 2021
thailand-20653761920-830x0

Бројот на туристи во Тајланд е намален од повеќе од 40 000 на ден на само неколку стотици поради пандемијата

Отсега, посетителите на Тајланд ќе можат да поминат задолжителен двонеделен карантин поради корона вирусот на јахти.

Тајландската влада се надева дека иницијативата ќе донесе приход од околу 58 милиони долари, според ВВС, додавајќи дека овој потег има за цел да ја оживее туристичката индустрија во земјата погодена од пандемијата.

Оваа земја од Југоисточна Азија многу се потпира на приходите од туризмот, а програмата за карантин на јахти ќе им овозможи на туристите кои имаат негативен тест за корона вирусот да поминат време на карантин на јахтата.

Бројот на туристи во Тајланд е намален од повеќе од 40 000 на ден на само неколку стотици поради пандемијата.

Околу 100 јахти се очекува да бидат вклучени во програмата, а патниците ќе мора да носат паметна нараквица што ги контролира виталните параметри како што се температурата на телото и крвниот притисок и ја следи локацијата на лицето преку GPS.

escort - Korsan taksi