„Огнометот“ на Италија: Се што треба да знаете за искачување на еден од најактивните вулкани на светот

8 септември, 2021
62122302

Етна, активен вулкан лоциран на прекрасниот италијански остров Сицилија, неодамна повторно еруптираше. Ова беше педесетта ерупција оваа година, а камењата и лавата што излегоа од неа подготвија вистинска светлина – шоу за жителите на околните градови. Отпрвин, пешачењето по планината Етна звучи крајно опасно, речиси невозможно, но всушност треба само добро да го испланирате искачувањето.

Постојат бројни пешачки патеки на планината Етна, но е забрането да се искачувате над одредена надморска височина во зависност од нивото на вулканска активност. Сите патеки се доста стрмни па затоа е неопходно да се изберат вистинските планинарски чизми за искачување. Додека одите по црниот вулкански чакал, можеби ќе бидете изненадени од тоа колку всушност има вегетација на планината. Интересно е и тоа што Етна нема само еден кратер, туку дури четири од нив, заедно со околу 300 други кои во моментов не се активни.

Некои туристи се одлучуваат за независно патување до Етна, но водените тури се за секоја препорака. Локалните водичи добро знаат кога качувањето е безбедно, не само поради вулканот, туку и поради временските услови. Покрај тоа, најверојатно ќе научите некои интересни работи за вулканот и целата област.

Идеално време за искачување е пролетта и есента, бидејќи зимите во планините се студени, а летата во Сицилија се екстремно топли. Исто така, ќе можете да уживате во прекрасните глетки само во деновите кога нема магла и облаци.

Ако одлучите да одите на вакво патување, подгответе се за физички напорни планинарења. Напорот сигурно ќе се исплати, а подоцна ќе можете да нарачате популарен сицилијански гранит и исклучителна канола во ресторанот без каење. И да, покрај уживањето во деликатесите, ќе можете да се пофалите дека сте биле на еден од најактивните вулкани во светот!

escort - Korsan taksi