Овие три НЕВЕРОЈАТНИ езера ќе ве остават во неверување! (ФОТО)

16 мај, 2021
57d77c4f9783b1f37ed184e443cf7c8ece4fd21b

Овие три езера ќе ве воодушеват и веднаш ќе сакате да ги посетите. Природата прави чуда!

1) Психоделично езерце

Конусниот извор во паркот Јелоустоун во САД е најголемиот извор на топла вода во оваа држава. Езерцето е населено со сино-зелени алги, кои произведуваат органски пигменти кои им помагаат да преживеат високи температури и да се заштитат од сонцето. Температурата во центарот на ова езерце е околу 84 степени, но паѓа кон бреговите. Оваа промена на температурата доведува до промена на пигментот на алгите и како резултат на тоа ја имаме најубавата сцена пред нас. Езерце во бои на виножито!

2) Езеро во езеро

На островот Лузон, кој е дел од Филипинските острови, во голем вулкански кратер, се наоѓа езерото Тал. Во центарот на ова езеро има остров, кој всушност е уште еден вулкански кратер, а во него има и друго езеро. Има уште еден остров среде тоа езеро. Да, ви се заврти во глава, нели?

3) Езероо кое врие

Езерото се наоѓа во Доминиканската Република, во Карипското Море, достигнува температура од 100 степени во средината, и околу 94 на брегот. Ова значи дека ова езеро е во состојба на постојано вриење. Затоа над него секогаш има облак од водена пареа.

escort - Korsan taksi