АСПАРАГУС – Два рецепти за лесна вечера! (РЕЦЕПТ/ФОТО)

27 мај, 2021
df4cc54aa0b5b109aaa38dc3ff17f6e70fdede0f

Рецепти што ќе ви дадат идеја како да подготвите јадења од аспарагус за кој се смета дека е вистинска витаминска бомба.

Аспарагус со сос од домати

Состојки:

4 гранчиња свеж рузмарин

4 парчиња квалитетна димена сланина

4 големи домати

500 гр аспарагус

Маслиново масло

Листови рузмарин

Најголеми потрошувачи на аспарагус во светот се Германците, а се проценува дека секој Германец јаде 2 или повеќе килограми аспарагус годишно.

Подготовка:

Истурете 2-3 см вода во големо тенџере и оставете го ја да зоврие. Во меѓувреме, искинете ги ливчињата рузмарин, исечете ја сланината на стапчиња и исечете 4 големи, зрели домати на половина. Од исечената страна изрендајте ги половините од доматите, бидејќи нема да ни треба кората.

Ставете 500 гр измиен аспарагус (искинете ги дрвените делови) во цедалка и ставете ја над тенџерето со врела вода. Покријте со капак и варете околу 5 минути или додека не омекне.

Во меѓувреме, ставете голема тава на силен оган. Истурете малку маслиново масло и додадете ја исечканата сланина.

Кога сланината ќе стане крцкава, додадете ги листовите рузмарин и варете околу 30 секунди, а потоа ставете ги во чинија. Во истата тава ставете парче путер, па додадете го доматот, оставете го да зоврие и добро зачинете.

Послужете го аспарагусот прелиен со сос од домати, со сланина на страна. Посипете сè со рузмарин.

Крем супа од аспарагус

Состојки:

2 гроздови свеж аспарагус

1 кромид

2 лажици путер

1 литар пилешка супа

2 лажици брашно

1 дл павлака

Кафеав шеќер

Магдонос

Сол, бибер

Подготовка:

​ Аспарагусот прво се чисти и вари околу 5 минути во солена вода за да омекне. Загрејте го путерот во едно тенџере и пропржете го ситно исецканиот кромид во него. Потоа додадете го брашното малку да се пржи и потоа додадете ја пилешката супа.

Исечете го аспарагусот на парчиња и ставете го во тенџерето, и зачинете сè со кафеав шеќер и бибер по ваш вкус. Гответе на средна топлина додека не зоврие. Потоа намалете ја температурата и оставете да се вари уште 5 минути.

После тоа, потребно е да се исцеди супата во посебен сад, а зеленчукот испасирајте го или ставете го во блендер. Потоа повторно ставете го во тенџерето со супата, додавајќи павлака (може да додадете и малку млеко) и сол. Се вари околу 5 минути и се додава малку магдонос пред самиот крај.

escort - Korsan taksi