Џин-тоник крофни: Рецепт за десерт кој ќе ги воодушеви љубителите на овој култен пијалок

10 февруари, 2021
62033864-krafne-dzin-tonik

Во моментов сезоната на крофни е на самиот врв. Иако ни се достапни на секој чекор, во скоро секоја пекара и слаткарница, многумина сепак со задоволство би направиле домашни крофни. Покрај класичните филови од џем или оние со чоколаден фил, можеме да најдеме рецепти за разни необични варијанти на крофни.

Денес ви ја претставуваме онаа за крофни со џин-тоник глазура што може да ги воодушеви сите љубители на овој култен пијалок. Самите крофни се прават на класичен начин и според традиционален рецепт се полнат со џем по желба, а по ладењето се прелеваат со глазура.

Состојки за глазура:

– 10 лажици шеќер во прав

– 4 лажици џин

– 2 лажици тоник

– 4 лажички сок од лимон

Подготовка на глазурата:

Ставете ги сите состојки во сад и измешајте ги со маталка или миксер. Глазурата треба да биде густа и леплива. Кога крофните ќе се оладат целосно, ставете ги на послужавник или чинија и прелијте ги со по една лажица глазура.

Добар апетит!

escort - Korsan taksi