Flapjack – колачиња од овесна каша, путер од кикирики и џем

13 мај, 2021
dreamstime-m-109591169

Во САД, Велика Британија и некои други земји, овој фин десерт се нарекува – flapjack. Тоа е одлична комбинација на малку солен путер од кикирики и слатки состојки. Одозгора можете да ставите и коцки од чоколадо

Состојки:

5 лажици солен путер, плус малку за премачкување
250 гр крцкав путер од кикирики (со парчиња кикирики)
8 лажици џем од јагоди или малина, или по избор
80 гр лесен шеќер од московадо
200 гр овесна каша

Постапка:

Загрејте ја рерната на 170 степени. Потоа премачкајте со путер од кикирики квадратна тава со големина од 20 см – од сите страни и одделете три лажици путер од кикирики и џем во посебни чинии, ставете ги на страна затоа што ќе ви требаат подоцна.

Во тава ставете го преостанатиот путер од кикирики, остатокот од џемот, крцкавиот путер од кикирики и шеќерот и загрејте го на среден оган. Мешајте додека сè не се раствори и не се измеша добро, а потоа додадете ја овесната каша. Промешајте брзо и тргнете го од оган. Оставете да се олади пет минути.

Потоа распоредете ја смесата во сад и нежно притиснете со рацете. Одозгора ставете путер од кикирики и џем што порано ги одделивте, во мали купчиња. Печете 20 до 25 минути или додека тортата не порумени. Оставете го да се излади целосно во тавата, а потоа внимателно превртете го на табла и исечете го на квадрати, пренесува bbcgoodfood.com.

Забелешка: На врвот можете да ставите коцки од чоколадо пред печење, наместо џем.

escort - Korsan taksi