Инспирација од Инстаграм: Едноставни чоко јајца со путер од кикирики

1 април, 2021
Screenshot_58

Љубителите на путер од кикирики и чоколадо си дојдоа на свое! Оваа година Инстаграм беше преплавен со фотографии од рачно изработени слатки, а меѓу нив се издвојуваат украсни и фотогенични јајца направени од путер од кикирики и чоколадо.

Нема да ви треба печка или планина од состојки за да ги направите! Сè што ви треба е пет состојки, малку напор и имагинација. Можете да ги декорирате како што сакате; со бело, млечно или темно чоколадо, а подолу ви донесуваме рецепт и фотографии од готови чоколадни јајца од Инстаграм!

Состојки:

Количината е доволна за 15 јајца. Користете чаша од 2,5 дл.

1 чаша путер од кикирики
1/4 чаши јаворов сируп
1 лажичка екстракт од ванила
1 чаша бадемово брашно
1 чаша сецкано чоколадо
1 лажица растително масло

Подготовка:

  1. Во сад, користејќи дрвена лажица, измешајте путер од кикирики, јаворов сируп и екстракт од ванила.
  2. Потоа измешајте го тоа во брашното од бадем.
  3. Обликувајте го тестото во јајца и ставете ги на плех обложен со хартија за печење.
  4. Ставете ги во замрзнувач 30 минути.
  5. За глазурата, стопете ги чоколадото и маслото во микробранова печка.
  6. Откако ќе се стегнат јајцата, извадете ги од замрзнувачот и користете две вилушки за да го натопите секое јајце во стопената чоколада и вратете го назад во хартијата за печење или решетката за ладење.
  7. Ставете ги повторно во замрзнувач 15 минути. Можете да ги чувате во херметички затворен сад во замрзнувач до два месеци. Уживајте!

Погледнете го деталниот процес на производство на видеото.

escort - Korsan taksi