КЕТО ПЛЕСКАВИЦИ: Сочен и заситувачки ручек кој не дебелее

5 август, 2021
255301_shutterstock-1358478446_ls

Состојки:

500 гр мелено месо по ваш избор (она што обично го користите) 1 мал кромид
1 цело јајце
1 лажичка сол
половина лажичка бибер
1 лажичка сушен лист од магдонос за одозгора
лажичка лук во гранули или во прав
1 лажица брашно од ленено семе (кокос, бадем , од семе од грозје, лушпи од псилиум)

Подготовка: Исечете го кромидот, додадете месо, зачини и брашно и измешајте се добро со рака. Оставете да отстои некое време и потоа обликувајте ги плескавиците. Добивате 9 парчиња со големина на дланка. Наредете ги плескавиците на голем плех во кој сте ставиле хартија за печење. Загрејте ја рерната на 200 степени.

Посипете го секој бургер со неколку капки маслиново масло. Печете ги плескавиците помеѓу 50 минути и еден час, во зависност од тоа колку ви се допаѓаат печени. На почетокот ќе пуштат вода, а потоа убаво ќе се печат.

Потоа само тргнете го од хартија и послужете. Пријатно!

escort - Korsan taksi