КОЛАЧ ОД СУТЛИЈАШ: Неверојатно добар десерт! (РЕЦЕПТ)

12 август, 2021
255889_shutterstock-1427555822_ls

Може ли сутлијашот да биде повкусеб отколку што е? О да!

СОСТОЈКИ:

  • 180 грама брашно
  • 75 грама шеќер
  • 3 јајца
  • 125 грама путер
  • 350 грама вишни од компот
  • 600 грама сутлијаш
  • 2 лажици сок од вишни
  • 3 лажици презла
  • сол

ПОДГОТОВКА:

Соединете ги брашното, путерот, шеќерот и едно јајце. Посолете и ставете во подмачкан огноотпорен сад. Избоцкајте со вилушка, посипете со презла и нанесете вишни.

Со миксер изматете 2 јајца, сок од вишни и 600 грама сутлијаш. Истурете ја смесата во подмачкан огноотпорен сад и печете 40 минути на 200 степени.

Тортата ја сечеме на парчиња и послужуваме. Посипете со шеќер во прав.

Пријатно!

escort - Korsan taksi