Комбиниравме чоколадо со генијална карамела без шеќер и направивме ново омилено благо (РЕЦЕПТ)

19 февруари, 2021
f_9974927_1024

Карамел чоколадната основа се подготвува за помалку од 15 минути, а за оваа карамела ќе ви требаат само три состојки.

За фуџ ќе ви требаат:

250 гр темно чоколадо

140 гр кокосово млеко (цврстиот дел)

65 гр путер од јаткасти плодови, на пр. путер од кикирики

лешници, кикирики или бадеми, по желба

За карамела:

100 гр јаворов сируп

2 лажици кокосово млеко (цврстиот дел)

1 лажица путер од кикирики

1 лажичка ванила

уште чоколадо и кокосово масло за прелив

Подготовка:

Направете фуџ така што на пареа ќе го растопите чоколадото со кокосово млеко и путер од јаткасти плодови по желба. Истурете во калап обложен со хартија за печење, додајте ореви по желба и ставете го во фрижидер. Подгответе ја карамелата со ставање јаворов сируп и кокосово млеко во сад со подебело дно и загрејте сè заедно на средна топлина. Оставете да се формираат меурчиња и да станат густа смеса. Кога е готово, тргнете од оган и измешајте лажица путер од кикирики и лажичка екстракт од ванила. Прелијте преку фуџот како основа и ставете го во фрижидер преку ноќ. Кога сè ќе се стегне, исечете на коцки, прелијте го чоколадото што сте го стопиле со малку кокосово масло и посипете со малку сол.

escort - Korsan taksi