Направете прелиена пита од готови кори! Идеален оброк за викенд (РЕЦЕПТ+ВИДЕО)

26 јуни, 2021
451490_20210625-144624_f

Сите сакаме пита, а оваа сигурно ќе ја обожавате

Состојки:

  • тенки кори
  • 200-250 гр сирење
  • 3 јајца
  • 1/2 прашок за пециво
  • масло
  • 200 мл јогурт

Подготовка:

Изронете го сирењето и додадете јајца и половина прашок за пециво може и малку млеко и измешајте да се соедини смесата. Раширете една кора на работаната маса, се премачајте ја со масло и се ставете 2 лажици сирење и „растурете“ го низ целта кора со лажица.

Завиткајте во тенки ролни. Поставете плех со хартија за печење и наредете ги ролните во круг еден до друг, завршувајќи на средина. Ставете едно јајце во јогуртот, додадете малку масло и измешајте. Прелијте ги ролните.

Печете на 200 степени С околу 40-50 минути додека убаво не зарумени. Превртете ја питата на чинија и исечете ја кога ќе се олади.

escort - Korsan taksi