Народна медицина: Чудесен домашен лек, бомба за ИМУНИТЕТ и крвна слика
Комбинацијата на цвекло, јаболка и моркови е ефикасен домашен лек во борбата против вирусите и настинките.
Подготовка: Излупете јаболко, морков и цвекло и изрендајте ги ситно. Оставете ги еден час во сад да пуштат сок, потоа исцедете ги. Во добиената течност додадете малку лимон и лажичка мед.
Количината на сок зависи од тоа колку се големи овошјето и зеленчукот и колку се сочни. Околу 2,5 дл сок се добива од едно јаболко, морков и репка.
Доколку ви се допаѓа погуста варијанта, таканаречено смути, сите состојки добро изблендирајте ги и испијте ја течноста без да ја цедите.
Ако имате соковник, само ставете ги намирниците во него, вклучете го и почекајте да си ја заврши работата за неколку секунди.
8 здравствени придобивки од овој пијалок:
- Ги чисти цревата и им помага правилно да функционираат.
- Чаша од овој сок дневно го намалува високиот крвен притисок.
- Благодарение на каротеноидите што ги содржи, сокот од цвекло е исклучително добар и за здравјето на очите.
- Го зголемува нивото на енергија и на тој начин му помага на телото подобро да реагира на вежбање.
- Содржи пигмент беталаин, кој има антиоксидантни и антиинфламаторни својства. Благодарение на него, овој сок спречува оштетување на клетките и ги елиминира слободните радикали од телото.
- Го зголемува нивото на железо во крвта. Покрај тоа, содржи антиоксиданти кои помагаат во одржување на хемоглобинот на нормално ниво. Исто така, железото, кое го содржи овој сок, ја подобрува циркулацијата.
- Докажано за подобрување на имунитетот. Како резултат, телото побрзо и полесно се бори против инфекцијата.
- Благодарение на магнезиумот што го содржи, сокот од цвекло помага во ослободување од стресот.