Не знаете што да правите со стариот леб од празниците, а не сакате да го фрлите? Еве идеја за одличен оброк!

3 јануари, 2021
Screenshot_5

Искористете го вишокот леб од празниците и направете брускети од стар леб.

Состојки:

парчиња леб или тост по ваш избор

маслиново масло

босилек

домат

лук (по желба)

сол (по желба)

Подготовка:

Парчињата леб премачкајте ги со маслиново масло и наредете ги на хартија за печење. Печете ги 6 минути на 180 степени.

Во меѓувреме, исечкајте го доматот и измешајте го со босилек, малку балсамичен оцет и лук, по желба.

Кога ќе го извадите лебот од рерна, намачкајте ја смесата на парчињата и вратете во рерна уште 5 минути.