ЊОКИ ВО БЕЛ СОС! Божествен ручек или вечера, готов за САМО 15 минути! (РЕЦЕПТ)

15 март, 2021
слика нјоки

Ви носиме рецепт за вкусно јадење што ќе ве засити, а се подготвува брзо. Станува збор за њоки во сос од бело вино и пармезан …

Состојки:

лажица путер

2-3 мелени чешниња лук

120 мл супа од зеленчук или суво бело вино

половина лажичка сенф

500 грама готови њоки

250 мл павлака за готвење

100г изрендан пармезан

Сол

Бибер

Лажица свеж магдонос

Лажичка италијански зачин микс, по желба

Малку сецкани ореви

Подготовка:

Ставете го путерот во тава и оставете го да се стопи на среден оган. Додадете лук и динстајте 30 секунди. Измешајте супа или вино, сенф и италијанскиот зачин (по желба) и добро измешајте. Додадете ги њоките и павлаката во тавата за готвење, намалете го огнот малку, покријте ја тавата и варете 5 минути. Извадете го капакот и додадете пармезан. Оставете сè да се готви заедно, непокриено, уште неколку минути додека сосот не се згусне и не се сварат њоките. Додадете сол и бибер по желба и украсете со магдонос, пармезан и сецкани ореви.

escort - Korsan taksi