ПОТПЕЧЕНИ ПОРТИЉИ! Вкусен оброк за целото семејство (РЕЦЕПТ)

24 септември, 2021
375764_x3_f

Доколку сакате да јадете нешто набрзина, а немате идеја, тогаш тука се тортиљите

СОСТОЈКИ:

  • шест тортиљи
  • 300 гр мелено говедско месо
  • две црвени пиперки
  • чаша конзервиран грав
  • чаша конзервирана пченка
  • две чешниња лук
  • главица кромид
  • чаша пире од домати
  • 150 мл павлака
  • јајце, масло
  • малку млеко
  • сол, бибер

На масло пропржете ги ситно исечканите кромид и лук, па додадете сецкан црвен пипер и мелено месо. Додадете сол и бибер и додадете чаша доматно пире. Динстајте уште неколку минути, потоа тргнете го од оган и додадете ги гравот и пченката.

Измешајте сѐ добро. Загрејте ги тортиљите во тава, па ставете по две или три лажици од смесата на секоја и завиткајте. Готовите тортиillaи наредете ги во намастена тава.

Изматете го јајцето со кисела павлака и млеко, потоа истурете ја оваа смеса врз тортиљите и печете ги во рерна. Послужете топло со салата.

escort - Korsan taksi