Превкусно! Рецепт за палачинки со тиквички, сирење и сланина

16 јуни, 2021
62105593-palacinke

Тиквичките дозволуваат игри без граници во кујната, а можете да ги испробате во комбинација со сирење и павлака. Одлични се и ладни, а доколку сакате да ја забрзате подготовката, заменете ги палачинките со тортиљи кои претходно сте ги загреале во тава без масло.

Состојки за палачинки со тиквички:

Смеса за осум палачинки
250 гр тиквички
2 павлака
250 гр урда
150 гр сланина
сол, бибер
кромид
пармезан

Подготовка:

  1. Излупете ги тиквичките, изрендајте, додадете малку сол и исцедете ги добро по 10 минути.
  2. Во меѓувреме, испечете палачинки.
  3. Испржете го сецканиот кромид и ситно сецканата сланина на малку масло, а потоа додадете тиквички и пропржете кратко.
  4. Измешајте сирење и павлака, зачинете по вкус и премачкајте ги палачинките, додадете полнење од тиквички и завиткајте ги. Премачкајте ги со остатокот од сирењето и кремот, посипете ги со пармезан и печете кратко во рерна да се стопи сирењето.
escort - Korsan taksi