Рецепт за најубавите пица сендвичи од рерната: Се подготвуваат брзо, а вкусот им е неодолив

9 јули, 2021
pica-sendvici-830x0

Скоро сите обожаваат пица, а сендвичите со сличен вкус се вистинско уживање

Топли или ладни, сендвичите се оброк на кој ретко кој може да му одолее, а рецептот за нив е секогаш едноставен, толку што секој што еднаш влегол во кујната може да ги направи без грешка.

Тие се именувани по грофот Сендвич, кој бил страствен коцкар, па бидејќи не сакал да губи време да стане од трпезата за обложување, ставал парче салама помеѓу две парчиња леб и го јадел тоа претежно за секој оброк

И не останал запаметен како порочен коцкар, туку влезе во историјата по името за широко користено и обожавано јадење.

Сендвичите со пица се уште една варијација на темата, но тие се одличен избор за појадок. Брзо и лесно се подготвуваат, а нивниот вкус е совршен.

Состојки:

6 кришки леб

100 мл млеко

1 лажица масло

100 гр кашкавал

100 грама шунка или чаен колбас

2 шампињона

Малку оригано

Подготовка:

Ставете ги парчињата леб на плех обложен со хартија за печење. Измешајте ги млекото и маслото, а потоа натопете го лебот – ставете по 3 лажички на секое парче.

Потоа премачкајте ги лепчињата со кечап, наредете шунка или чајна или што сакате или имате во фрижидер, изрендајте го кашкавалот, наредете ги тенко исечените печурки и печете 15 минути на 200 °C во претходно загреана рерна.

Готовите сендвичи посипете ги со оригано. Послужете топло со јогурт.

Пријатно!

escort - Korsan taksi