Рецепт за печен компир кoj го „сруши“ интернетот: Овој метод и зачините се мешавина која прави совршенство!

16 јануари, 2021
Screenshot_1

ТикТокерот Џереми, кој го сподели рецептот, не може да верува дека луѓето се толку воодушевени.

Рецептот за печен компир на ТикТокерот, Џереми Шек, ги воодушеви сите оние кои го пробаа, но и оние кои само што го погледнаа видеото – затоа што изгледаат вкусно.

Овој 20-годишник зеде неколку компири, ги исече на парчиња и ги стави во ладна вода. Тој тврди дека ако ги ставите во веќе зовриена вода, внатрешноста може да остане сурова, додека надворешноста ќе се претвори во каша. На овој начин тие се готват рамномерно.

За време на готвењето треба да се додаде поголема количина сол. „Нема да изедете целата сол, но водата треба да биде многу солена за да добие вкус компирот. Тие ќе апсорбираат помал дел“, вели Џереми.

Добро исцедете ги компирите и промешајте ги со лажица лесно да ги изгмечите и ставете ги на плех за печење – што сте го загреале претходно. Овој чекор е опционален, но Џереми вели дека може да го скрати времето за печење.

Тој користи масло од авокадо или маст од патка и многу зачини – рузмарин, црвен пипер, лук во прав, бибер, оригано, мајчина душица и сол.

Печете ги на 230 ° C околу 10 минути, додека не добијат златна боја и станат крцкави.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum